Танец го разигра Велес
Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ повторно ги освои срцата на велешани. На 9-ти мај годинава во театарот „ЈХК-Џинот“, љубителите на фолклорот уживаа во настапот на македонскиот културен амбасадор.
Играорците на „Танец“ настапија со сплет од македонските песни, ора и игри: „Раштак“,„Осоговка“,„Лазаренки“,„Плетенка“,„Беломорски“ и др. Со силни аплаузи велешани ја наградија умешноста и професионалноста на членовите на ансамблот. Гостувањето на „Танец“ во Велес беше организирано во рамките на традиционалните концерти. Не случајно, Ансамблот на народни песни и игри „Танец“ гостува и на Интернационалниот фолкорен фестивал „Велес“. Неговите настапи секогаш се дочекани со срдечност и громогласни аплаузи од велешани.