Донација од „Пакомак“ за велешани

Советот на Општина Велес на својата 15-та седница одлучи да ја прифати донацијата на „Пакомак“ ДОО Скопје во 20 пластични контејнери од 1,5 м³. Контејнерите се наменети за собирање и складирање на отпадно стакло.

По склучувањето на договорот за контејнерите ќе се грижи ЈКП „Дервен“. Се очекува во најкраток можен рок тие да бидат поставени на различни локации во градот. Општина Велес апелира до граѓаните да ги користат контејнерите исклучиво за селекција на отпадно стакло (шишиња и тегли)  со што ќе придонесат за селектирањето и рециклирањето на комуналниот отпад и заштитата на животната средина.