Општина Велес домаќин на деновите на хуманоста на Црвениот Крст

На 10 мај годинава, во големата сала на Општина Велес, Општинската oрганизација на Црвениот крст ги одбележа Деновите на хуманоста и солидарноста.

Во присуство на голем број волонтери на Црвениот крст, членови на Општинската организација како и претставници на институции и организации беа промовирани филмовите „За само еден ден“ и „Наше маало на наш начин“ по сценарио и режија на членови и волонтери на Општинската организација на Црвениот крст  и стручни лица од областа на филмската уметност. На настанот се одржа и дебата на тема  „Мултикултурното живеење и разбивање на предрасудите и стереотипите во нашата заедница“. Одбележувањето  на деновите на хуманоста и солидарноста  беше збогатено и со изложба на фотографии за активностите на Општинската организација на Црвениот крст отворена во холот на општината.