Коцевски избран за претседател на Комисијата за следење на развојот на системот за финасирање на општините во Република Македонија
На 10 мај годинава, во Министерството за финансии се одржа Конститутивна седница на Комисијата за следење на развојот на системот за финасирање на општините во Република Македонија, на која градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски е избран за претседател на комисијата.
Телото во кое членуваат претставници на министерствата за финансии, локална самоуправа, образование и труд и социјална политика ќе работи на клучни прашања за финансирањето и управувањето со финансиите во македонските општини. Комисијата ја следи примената и критериумите за распределба на дотациите, предлага мерки за подобрување на системот на дотации, дава препораки за надминување на проблемите при распределбата на средствата од дотациите и ја следи транспарентноста на процедурите.
Системот на финансирање на општините е од клучна важност за оджливиот развој и можноста македонските општини да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните. Комисијата со која преседава Коцевски ќе доставува полугодишни и годишни извештаи за својата работа до Владата и македонската јавност.