Најавени нови проекти - продлабочување на соработката со УСАИД

Градоначалникот Аце Коцевски на 11 мај годинава оствари средба со Клинтон Догет, Директор на програмската канцеларија на УСАИД и д-р Слаѓана Србиновска, Менаџер на сектор во УСАИД.

Успешната соработка на низа значајни проекти што во минатото придонесоа Општина Велес да се вброи меѓу водечките во Македонија како и можностите за соработка на нови проекти и програми беа во фокусот на интересот на средбата. Според најавите, се очекува развој на нови програми особено во областа на зајакнување на капацитетите на општините за управување со проекти финансирани од меѓународни фондови.

Новите програми на УСАИД ќе придонесат за надоградба на знаењата на администрацијата и обезбедување на квалитетни проекти и услуги. УСАИД со децении им помага на македонските општини континуирано да ги развиваат административните капацитети, во насока на одржлив развој на локалните заедници. Како што беше речено на средбата, одличната соработка со Велес  ќе продолжи во интерес на граѓаните.