Известување за санација на улицата „Кирил и Методиј“

Општина Велес ја известува јавноста дека санирањето на улицата "Кирил и Методиј" оштетена од поројните дождови е времено решение за заштита на возилата и пешаците.

По обезбедувањето на целосна документација ќе се изврши бетонирање на критичниот дел од улицата со што трајно ќе се реши проблемот.