6 децении уметност на академскиот сликар Ангел Петров

„Ја барам светлината. Светлината е живот како кога се раѓа дете,нов живот-светлина.“

Вака академскиот сликар Ангел Петров ја опиша својата 6 децениска потрага по суштината на уметноста, во секој израз на неговото богато творештво. На 11 мај годинава велешани имаа ретка можност во ликовниот салон да присуствуваат на отварањето на 45 јубилејна изложба на Петров.

Неговиот богат творечки опус грижливо создаван 6 децении приреди вистинско уживање за љубителите на уметноста. На сликите доминираат пејсажи, актови, коњи, портрети и велешка архитектура. На свеченото отварање тој упати благодарност до градоначалникот и сите поединци и организации за поддршката. Петров е роден 1933 година, а од 1967 е член на ДЛУМ. Досега имал 44 самостојни и 200 групни изложби.