Старт на работите за санирање на раскрсницата на улиците „Борис Трајковски“ и „Методија Андонов Ченто“
Почитувани сограѓани,
Денеска (среда, 30 мај, 2018) се изведуваат градежни работи на санирање на штетите настанати од поројните дождови на раскрсницата на улиците „Борис Трајковски“ и „Методија Андонов Ченто“.
Работата опфаќа: отстранување на оштетениот асфалт со засекување и кршење, валирање на тлото ,тампонирање, како и завршно асфалтирање.
За време на градежните работи сообраќајот ќе биде регулиран соодветно потребите на теренот.
Општина Велес апелира до граѓаните по можност да ја избегнуваат споменатата раскрсница со цел да се обезбедатсоодветни услови за непречено изведување на работите.
Во интерес на граѓаните ќе се направат напори работата да биде завршена во најкраток временски рок.