Развојот на инфраструктурата приоритет
Со екот на градежната сезона, Општина Велес работи на реализација на инфраструктурните проекти утврдени како приоритети од страна на граѓаните на јавните расправи за годишните програми. На прес конференцијата одржана на 29 мај годинава, градоначалникот Аце Коцевски ги презентираше тековните проекти и активности:
- Реконструкцијата на водоводна линија за Населба Превалец и населеното место Оризари.Изведувач на работите е ДГ Изгрев Инженеринг.
- Претстојниот технички прием на водоснабдителниот систем Велес, Трпезица, Дурутовец, Чалошево кој ќе се направи до крајот на неделата. По предавање на стопанисување на ЈКП„ Дервен“ ќе се отпочне со користење.
- Во моментов низ градот се врши бележење на такси постројки, автобуски постројки, пешачки премини и осовинска линија.
- По добивање на согласност од МВР СВР Велес ќе се реализира новото сообраќајно решение на раскрсницата на ул.„Благој Ѓорев“ со улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Оливер Китановски“.
- Надпатникот за поврзување на Башино село со селските гробишта е во завршна фаза.
- „Евро Инженеринг“ изврши поправка на дел од улица „Ѓорѓи Гајдов“ оштетена од обилните врнежите во претходниот период.
- Економскиот оператор „Изолација ДС“ ќе врши поправка на оштетувањата од поројните дождови.
- Тргоцемент ќе изврши бетонирање на дел од улица „Кирил и Методиј“ со површина од околу 600м2.
- Во моментов се работи на изведба на армирано бетонски потпорен ѕид од околу 11м и висина околу 3м кој врши потпирање на улица „Трајче Петкановски“.
-Следни активности се бетонирање на 250м од левата страна на пристапниот пат кон Горно Оризари.
-На економскиот оператор „Изгрев Инженеринг“ му е даден налог за асфалтирање на крак од улица „Бајрам Хасановиќ“ во Горно Оризари во должина од 150м и широчина 4м и асфалтирање на улица во сателитска Населба Езеро Младост во должина од околу 230м и широчина од 7м. Ќе се изврши реконструкција со асфалтирање на дел од улица„ Киро Ќучук“ и дел од ул „.Мицко Козар“.
-На економскиот оператор АС Машини му е даден налог за работа за поплочување на две улици во мв Дворови и тоа на Трајко Панов и Благој Абрашев.
-ДГ Изгрев инженеринг ќе изврши уредување на ул.„Кирил Пејчиновиќ“,дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и дел од улицата „Браќа Поп Јорданови“. Ќе се тампонира дел од патот низ село Сливник, дел од улицата „Димитрија Андонов Папрадишки“ и земјениот пат Оризари- Населба Порцеланка.
-Се започна се поставување на урбана опрема и ракофати и огради низ градот.
-Во завршна фаза е проектната документација за ободни атмосверски канали во град Велес и се работи на изготвување на проект за Фудбалско игралиште во Горно Оризари
На прес конференцијата, градоначалникот нагласи дека Општината ја наследи со огромни долгови и досега се исплатени долговите кон сите градежни фирми освен кон ,,Евроинжинеринг,, во висина од 2 милиони денари. Останува да се исплати долгот кон ЈКП Дервен од 83 милиони денари. И во наредниот период ќе се продолжи со утврдената динамика со цел да се реализираат инфраструктурните проекти планирани за 2018.