Во завршна фаза санирањето на раскрсницата на улиците „Борис Трајковски“ и „Методија Андонов-Ченто“
Општина Велес во соработка со ангажираните градежни фирми денеска ја финализира санацијата на раскрсницата на улиците „Борис Трајковски“ и Методија Андонов-Ченто“.
Изминативе два дена на долниот строј на улицата работеше градежната компанија „Тргоцемент“, а на асфалтирањето „Изолација ДС“ Скопје. Санирана е површина од околу 300 м2. Според најавите од терен, сите градежни активности ќе завршат до крајот на денот.