Успешна реализација на акцијата за собирање габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ успешно ја реализираа осмата „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“.

Бидејќи овој вид на отпад не смее да се остава на јавни површини, со акцијата граѓаните имаат можност да се ослободат од него по легален пат без да платат ниту денар. На акцијата и претходеше известување доставено до секое домаќинство во прилог на сметката за комунални услуги.

78 домаќинства во периодот од 16-ти април до 15 мај 2018г. пријавија во ЈКП Дервен потреба од предавање на габаритен отпад. ЈКП Дервен од овие домаќинства превзема најмногу кревети, душеци, фотељи, плакари, витрини и многу парчиња ситен мебел.

Во акцијата беа собрани 95м³ отпад кој се депонираше на посебно определен простор на градската комунална депонија.

Истовремено, со акцијата од домаќинствата се собираше и електронски и електричен отпад кои се предадени на овластен колективен постапувач.

Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад претставуваше одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад.

Општина Велес им се заблагодарува на граѓаните за нивното учество во акцијата.