Доделени Рациновите признанија за 2018
Во свечена атмосфера во народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 15 јуни годинава беа доделени Рациновите признанија за 2018 година.
Игор Крајчев, претседател на жири комисијата на Емилија Карафилоска и ја додели наградата Антологија на болката за електронска картичка со стихови објавена на социјалната мрежа Фејсбук.
Почесното Рациново признание на годинешните добитнички Дијана Влатковиќ и Борјана Прошев Оливер од Хрватска им го доделија градоначалникот Аце Коцевски како претседател на Организацискиот одбор на Рациновите средби и проф. Д-р Људмил Спасов, член на одборот. Почесното Рациново признание беше доделено за Хрватско - македонскиот речник во издание на „Матица Хрватска“. На свеченоста присуствуваше амбасадорката на Хрватска Данијела Баришиќ.
Градоначалникот Аце Коцевски и проф. д-р Христо Петрески член на жири комисијата го доделија престижното Рациново Признание на писателот Игор Станојоски“ за романот „Диссомнии“, во издание на „Антолог“.
„Романот обработува исклучително актуелни општествени случувања како што се обоените револуции, психолошката војна, влијанието на новите облици на пропагандата врз психологијата на поединецот во 21 век, но допира и до сосема други теми и чувствителни точки какви што се последиците од загубата на блиските луѓе, човечноста, неверството, привиденијата, народната демонологија, кревкоста на човечкиот ум и неговата зависност од сонот“ рече Игор Станојоски кој се наврати на повикот на Коцевски за замена на шундот и кичот со вистински вредности и манифестации во македонската култура како што се Рациновите средби.
На свеченото затворање на 55-то јубилејно издание на средбите настапија актерите Васил Зафирчев во улога на водител, Младен Крстевски, Кети Борисовска и Талија Настова со интерпретација на стихови во музичка придружба на Сашко Костов. Беа прикажани 23 картички од архивата на МАНУ на кои Коста Солев Рацин и ги испратил своите љубовни лирични стихови на Рахилка Фирфова. 55. Рацинови средби ги затвори етно групата „Љубојна“ во духот на Рациновата мисла „Песната на Македонија е нејзината молитва, огледало на нејзината душа и нејзина воздишка.
Генерален покровител на Рациновите средби орагизирани од Општина Велес е компанијата „Дрекселмајер“. Манифестацијата ја поддржа Министеството за култура.