Општина Велес започна реализација на проект за организирање на јавни работи
Општина Велес го реализира проектот за извршување на јавни работи преку ангажирање на 12 невработени лица со ниски квалификации.
Во период од еден месец ангажираните лица ќе работат во ЈКП Дервен на чистење и уредување на градските улици, уредување на површините пред стамбените згради и парковските површини.
Со времено ангажираните вработувања преку овој проект ќе се овозможи дополнителна поддршка на јавното комунално претпријатие за уредување на општината во летниот период кога потребите за чистење на градот се најголеми.
Времено ангажираните лица кои ќе стекнат вештини и искуство за вршење на јавни работи и кои ќе се истакнаат во својата работа ќе можат да конкурираат за вработување во јавното комунално претпријатие заради неоходната потреба за прием на нови работници.
Дел од лицата се корисници на социјална помош, но со овој проект истите нема да го изгубат статусот на корисници на социјална помош и заштита.