Градоначалникот Коцевски на фестивалот Webit во Софија

Во насока на подготовка на стратегијата „Велес паметен град“ и примената на новите технологии во развојот на квалитетни услуги за граѓаните, од 25 до 27 јуни годинава, градоначалникот Аце Коцевски учествува на најзначајниот собир на креаторите на политики во областа на дигиталната технологија во Европа, Webit фестивалот во Софија, Република Бугарија.

На настанот на кој покрај претставници на национални и локални власти од голем број европски земји учествуваат 500 менаџери од највлијателните светски технолошки компании, градоначалникот има можност да ги види на лице место најновите услуги креирани од ИТ компаниите. Целта на фестивалот е да ја пресоздаде технолошката иднина на Европа.

Коцевски учествува на овој значаен настан на покана на градот Софија, фондацијата Webit и компанијата SAP West Balkans.