Коцевски јавно се спротивстави на лажните вести за Вардарската регата

Градоначалникот Аце Коцевски, на прес конференција одржана на 2 јули годинава, јавно се спротивстави на лажните вести, лагите и манипулациите на одредени поединци и групи што деновиве го напаѓаат на социјалните мрежи.

„Пред кратко време расправавме за ширењето на лажни вести, дека Велес за жал по лошо стана познат во светот како неформална престолнина на лажните вести. Овојпат на удар на  лажните вести е Општина Велес и јас лично заради наводното неорганизирање на манифестацијата Вардарска регата „Гемиџии“. Општина Велес и јас како градоначалник бевме неоправдано, неосновано и без причина изложени на жестоки, дрски и безобразни напади и обвинувања, без авторите на текстот и тие што го преземаат и што го коментираат да ја проверат вистинитоста на фактите, дали Општина Велес се откажала од организацијата на Вардарската регата „Гемиџии“ или не“.

На прес конференцијата тој ја извести јавноста дека во програмата за работа на Општина Велес, во областа спорт се предвидени 80.000 денари за организација на Вардарска регата „Гемиџии“. Заради временските услови и заради тоа што оваа година Вардарската регата ќе се  поврзе со Интернационалниот фестивал на античка драма во „Стоби“ датумите се поместени. Градоначалникот изрази надеж дека во наредниот период успешно ќе завршат подготовките за организација на манифестацијата и дека се ќе биде во најдобар ред. „

Оние што жестоко  ме  напаѓаат дека не сум патриот и заради името „Гемиџии“ не сакам да го организирам настанот, ги постетувам дека јас сум тој градоначалник што во претходниот мандат го предложив  преименувањето на новиот мост во мост „Гемиџии“, спортската сала исто така  во сала „Гемиџии“ . Јас предложив да се изгради споменик на Гемиџиите во Велес како и споменикот коњаник посветен на најзначајните велешки војводи и споменикот на Панко Брашнар. Се сметам за многу поголем патриот од тие што на таков дрзок и безобразен начин се осмелуваат да напаѓаат , критикуваат и навредуваат“, рече Коцевски.