Почит за Андреја Дамјанов

Во организација на Општина Велес и во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Архитектонската академија денеска во Велес беа одбележани 205 години од раѓањето и 140 години од смртта на големиот балкански архитект и градител Андреа Дамјанов. Делегации на Општина Велес, Асоцијацијата на архитекти,aкадемијата и локални установи положија букети цвеќе на гробот на Дамјанов, на гробиштата во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“.

Во рамките на настанот за делото на Андреја Дамјанов говореше архитект Трајко Димитров, добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело во областа на архитектурата. 

„За сé што оставил зад себе прото-мајсторот Андреја Дамјанов во неговиот 65 годишeн плоден живот, во вакви пригоди е најцелеисходно да се нотира само она што е најмаркантно и незаобиколно: 10-на цркви во Македонија, 6 цркви во Србија, 3 цркви во Босна и Херцеговина, рече Димитров.

На настанот посветен на Дамјанов присуствуваа Вера Ќосевска, претседател на Архитектонската академија при ААМ, Александар Смилевски, член на акдемијата кои се меѓу добитниците на наградата за архитектура „Андреја Дамјанов“. Почит на Дамјанов му оддаде и архитект Ана Радониќ, претседател на УО на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Eминентните македонски архитекти денеска од Велес порачаа дека несомнено доделувањето на наградата „Андреја Дамјанов“  треба да се врати во Велес со што соодветно ќе нагласи улогата на големиот гениј на Дамјанов.