Велес го чествува Панко Брашнар

Во организација на Општина Велес, на 13 јули годинава беа одбележани 135 години од раѓањето и 65 години од смртта на Панко Брашнар.

На свеченоста која се одржа пред споменикот на Панко Брашнар во близина на гарнизонот „Алексо Демниевски-Бауман“, букети цвеќе положија делегации на Општина Велес, семејството на Панко Брашнар, ОО на Сојузот на Борците, АРМ и локални установи. За делото на Панко Брашнар пред присутните говореше д-р Анита Василкова Мидоска, директор на Народниот музеј-Велес.

„Денес стоиме пред споменикот на човекот кој македонската независност и слобода ја одбра за своја животна патека и кој во име на таа кауза не потклекнувајќи и борејќи се за своите идеи го вткаи духот на вечната борба на македонскиот народ.

Великаните како Панко Брашнар се оние великани кои ги испишуваат најсветлите страници на историјата на еден народ“, рече Мидоска. На свеченоста, со музичка композиција на гитара настапи Исмаил Дурмишовски.