Продлабочување на соработката со Швајцарија

На 19 јули годинава, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со г-ѓа Сибил Сутер Тејада амбасадорка на Швајцарија во Македонија и Дејан Павлески, Заменик министер за локална самоуправа.

На средбата , Коцевски изрази благодарност за досегашната поддршка на Швајцарската влада за реализација на значајни проекти во Велес особено оние поврзани со граѓаните и граѓанскиот сектор. Заменик-министерот Павлески укажа на значењето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2015-2020 како и подготовката на новиот акциски план од 2018 година.

Амбасадорката Тејада нагласи дека швајцарската влада силно го поддржува процесот на децентрализација во Македонија за што потврдува и нивната поддршка за основањето на Заедницата на единиците на локална самоуправа –ЗЕЛС. И во моментов во соработка со УНДП, швајцарската влада реализира проекти за поддршка на Општина Велес.