Општина Велес организира бесплатен автобуски превоз до Езерото „Младост“
Врз основа на интересот на граѓаните кои се обраќаат до општината како и врз основа на спроведената анкета на порталот „Ти реков ми рече“ каде 45% од анкетираните граѓани се изјасниле дека би сакале организиран превоз до езерото „Младост“, Општина Велес од сабота (28 јули, 2018) организира бесплатен автобуски превоз до езерото „Младост“.
Секоја сабота и недела, автобусот ќе поаѓа во 10 часот од постојката во населба „Тунел“. Автобусот ќе се движи на релација Населба „Тунел“ (постојка „Багремче“) - трговски центар - постојка кај „Сако Трејд“ на улица „Благој Ѓорев“ - постојка спроти Народниот театар „ЈХК-Џинот“- постојка „С’рмаале“ кај јаворот на улица „8-ми Септември“, постојка на улица „Гоце Делчев“ спроти паркингот кај Основен Суд, постојка кај спортската сала „Гемиџии“ на улицата „Алексо Демниевски –Бауман“, постојка „Шорка“ – Брод „Панини“ езеро „Младост“.
Враќањето од езерото „Младост“ е во 18 часот од паркингот кај бродот „Панини“. Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа. Во зависност од интересот на граѓаните за бесплатниот автобуски превоз, Општина Велес ќе организира бесплатен превоз до езерото секој ден во неделата.