Бесплатниот автобуски превоз до езерото Младост - поддршка за граѓаните
И покрај навредите и осудите на општината на социјалните мрежи против воведувањето на бесплатниот автобуски превоз до езерото Младост, Градоначалникот Коцевски на прес конференција рече дека очигледно оние што напаѓаат се само сеирџии затоа што вистинските корисници, социјално загрозените граѓани веќе започнаа да го користат автобусот.
Изминатиот викенд во првиот ден оваа можност ја искористиле помалку од 10, а вториот ден 15 граѓани на Велес. Градоначалникот нагласи дека очигледно се работи за оправдана и потребна мерка и дека ќе продолжи да се организира и во наредниот период со мала промена на релацијата за да се вклучат и граѓаните во Речани и да ја добијат можноста да го користат превозот.