Министерот за транспорт и врски Сугарески  во посета на  Општина Велес

 

Новата водоводна линија за жителите на Превалец и Оризари - ова беше во фокусот на денешната средбата помеѓу Министерот Сугарески и градоначалникот  Коцевски. Се работи за грант од европска Инвестициона Банка , доделен преку Министерството за транспорт и врска за реконструкција на водоводната линија помеѓу овие две населени места во должина од 1838 метри.

Сугаревски и Коцевски извршија увид на лице место и во разговор со изведувачите беше заклучено дека сѐ се одвива според предвидената динамика. Градежните зафати на овој проект  ги изведува  Друштвото за градежништво Изгрев Инженеринг ДООЕЛ Велес.  Постојниот цевковод кој го користат жителите  е застарен и доведува до поголеми проблеми со водоснабдувањето на населението . Со овој проект трајно се решава овој проблем и се обезбедува  приклучување кон постојната градска мрежа.. Вредноста на вкупниот грант за овој проект изнесува 13.635.911  денари.

 

 

„Овој проект е од исклучително значење за жителите на Превалец и Оризари затоа што тие досега се снабдуваат со вода преку азбест- цеметни цевки кои се штетни по нивното здравје. Со реализација на овој проект се решава еден огромен проблем“ – истакна градоначалникот Коцевски.

 

 

Министерот Сугаревски најави дека од исклучителна важност е реконструкцијата на стариот пат Катланово –Велес која ќе се реализира до крајот на годината, како и реконструкцијата на патот од Велес за Градско.

„Во наредниот период ќе имаме сериозен прогрес  во динамиката на сите овие проекти за Велес со цел граѓаните на Велес да имаат сериозни придобивки“- изјави Сугревски.

Градоначалникот Коцевски го информираше министерот за статусот на повеќе активности поврзани со надлежноста на министерството за транспорт и врски како:  легализацијата на  бесправно изградените објекти, одроните на стариот патот кон Градско , гасификацијата, иницијативата со која патот за Башино Село  би добил статус на регионален пат и други тековни работи.

 

 

Општина Велес досега  има аплицирано за поголем број на проекти кои ги доделува Европската Инвестициона банка преку министерството за транспорт и врски. Се работи за повеќе од 1 .100.000  евра  неискористени средства кои ќе бидат употребени  за реконструкција на повеќе водоводни и канализациони системи кои се на територија на Општина Велес.  Коцевски изрази надеж дека жителите на Раштани и Бузалково како и останатите населени места во регионот наскоро ќе добијат квалитетна вода за пиење.