Состанок со Директорите на општинските основни и средни училишта со Градоначалникот Коцевски
На покана од Градоначалникот Аце Коцевски, денес во просториите на Општина Велес директорите на 8 основни и 4 средни училишта присуствуваа на работен состанок во просториите на Општина Велес. Состанокот беше свикан со цел информирање како и разрешување на тековните проблеми со кои се среќаваат училиштата пред почетокот на училишната година.
Директорите ги изнесоа своите потреби од градежни зафати кои на учениците би им овозможиле непречено следење на наставата а во истовреме дадоа информација околу постојната состојба со наставните часови во секое училиште.
Од страна на Општината на директорите им беа презентирани општите наоди од извршените просветни инспекции и од внатрешната ревизија.
Директорите исто така, имаа можност да ги слушнат и препораките за отсранување на утврдените недостатоци. Градоначалникот апелираше кон строго почитување на позитивните законски прописи во изведувањето на наставата во училиштата.
Прашањата околу почитување на правилото за реонизацијата при упис во училиштата, превезувањето на учениците, организација на ученичките екскурзии исто така беа дел од денешната средба. Овој тип на средби ќе стане редовна пракса на Општина Велес со цел да помогне во надминување на предизвиците и проблемите со кои се среќаават училиштата, а што ќе доведе до зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во Велес.