Подобрени условите во Ликовниот салон во Велес
Реконструкција на дел од подните плочки, замена на светилките, молерофарбарски работи- ова беа градежно-занаетчитските работи кој беа извршени во Ликовниот Салон во период на месец јули со финансиска поддршка на Општина Велес, со цел подобрување на условите во мултифункционалниот простор на салонот.
Од 17 август годинава овој простор граѓаните повторно ќе можат да го користат за ликовни изложби, културни настани како и за склучување на бракови.