Честитка по повод Курбан Бајрам
Почитувани граѓани,
Дозволете ми од мое име и од името на Општина Велес, Вам на припадниците на исламската заедница, да Ви упатам срдечни и искрени честитки по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
Нека овој празник нè потсети на трајноста на позитивните духовни вредности, меѓусебната почит, толеранција и соработка, вредности со кои можеме да придонесеме за темелен напредок во средината во која живееме и делуваме.
Со почит,
Аце Коцевски, Градоначалник на Општина Велес