Ученици од ССОУ „Димитрија Чуповски“ на практична обука во „Агриа“
Средното оштинско училиште „ Димитрија Чуповски“ и агроиндустриската групација „Агриа“ денес покажаа позитивен пример на поврзување на чинителите од образованието и компаниите од реалниот сектор. Со денешното потпишување на меморандумот за соработка меѓу училиштето и оваа компанија, од оваа учебна година учениците од профилот месопреработувач ќе можат да ја реализираат практичната обука во оваа реномирана компанија.
Училиштето од оваа година за прв пат го воведува овој образовен профил во времетраење од три години. По завршувањето на тригодишното образование, учениците ќе можат директно да се вклучат на пазарот на трудот. „На овој начин учениците ќе ти развијат практичните вештини во вистинска средина каде има одлични рабптни услови, со високо стручен тим“-истакна Маја Хеско, директор на Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“. Таа информираше дека училиштетото ќе има и втор уписен рок за месопреработувач и се очекува бројот на ученици да се зголеми.
Агрогрупацијата „Агриа“ е е еден од најголемите производители на свинско месо и преработки од месо во земјава со сопствена фабрика за сточна храна, фарми, кланица изградена по ЕУ стандарди како и ланец на продавници. Директорот на „Агриа“, Перо Колевски ги презентираше плановите за вработувања на компанијата каде се предвидуваат околу 70 нови работни места. Преку соработката со ова училиште компанијата очекува дел од новите вработени да се ученици од ова стручно училиште.
„Како Агриа сме подготвени да учениците да им обезбедиме соодветни услови за настава и пракса. Очекувам оваа соработка да се прошири и ако годинава имаме 6-7 ученика, следната ќе имаме двојно повеќе. Овој кадар на месопреработувачи е дефицитарен во земјата и постои потреба низ цела Македонија за средношколци од оваа струка“- рече Колевски.
Ова не е прв тип на соработка на училиштето со компании од месопреработувачката индустрија. Во 2009 училиштето соработуваше и со компанијата „Жито Вардар“ каде речиси сите ученици по завршувањето на образованието беа вработени.
Општина Велес дава силна поддршка кон овие иницијативи на тесна соработка помеѓу образованието и стопанството, и апелира до сите приватни фирми да ги користат придобивките од овој тип на партнерство. Квалитетот во стручното образование може значително да се зголеми со инвестирање во образованието на стручни кадри согласно реалните потреби на приватниот сектор.