Фестивалска вечер на 39. Меѓународен студентски фолклорен фестивал и во Велес

Овој петок во амфитеатарот во Младинскиот парк Велешани имаа можност да уживаат во звуците и танцот на фолклорните ансамбли кои учествуваа на  фестивалската вечер во рамките на Меѓународниот фолклорен студентски фестивал.

Фестивалот чиј организатор е АКУД „Мирче Ацев“ има долга традиција и е уште познат како “Фестивал на солидарноста“ . Идејата за негова организација беше резултат на солидарноста што многу земји ја покажаа по земјотресот во Скопје.

За таа цел Градоначалникот оствари средба со  делегацијата од учесниците на фестивалот:   Благоја Јовановски, од Ансамблот за народни песни и танци при  АКУД „ Мирче Ацев“, Фарук Алкаја од  фолклорниот ансамбл„Гехем“ од Турција, Исмет Јилмаз од фолклорниот ансамбл „Дигем“ , Северен Кипар, и Мелита Абичиќ од КУД „ Јасен“ од Хрватска.

На средбата гостите имаа можност да се запознаат со особеностите на градот Велес, особено во поглед на долгата традиција во негувањето на фолклорот. Исто така беше разговарано за продлабочување на соработката со овие ансамбли со што во иднина ќе се збогати културниот живот во Општина Велес.

Настанот е поддржан од Општина Велес и е  во рамките на завршните манифестации  на Велешкото културно лето 2018.