Градежни зафати во месноста Дворови
Заврши реконструкцијата на улицата Трајко Панов во Дворови. Улицата е во должина од 130 метри и се наоѓаше во доста лоша состојба. Со градежните активности се се отстрани стариот оштетен бетон и улицата се поплочи со префабрикувани бетонски елементи.
Со реконструкцијата на оваа улица се подобрува пристапот до детската градинка Димче Мирчев клон 1, што придонесува за квалитетот на живеење на жителите од овој дел на градот. Инвестицијата е во вредност од 600.000,00 денари со средства предвидени од буџетот на Општина Велес.
Од 20 август годинава започнаа и градежните работи за реконструкција на улицата Благој Абрашев во должина од 160 метра, која исто така се наоѓа во Дворови. Стариот слој на бетон беше во лоша состојба и ќе биде заменет со нов. Овие активности ќе доведат до подобрување на сообраќајната комуникација во тој дел од градот.
Се очекува градежните активности на оваа улица да завршат до крајот на следната недела.