Општина Велес вклучена во проект за јакнење на свеста за правата на бегалците

На 7-ми септември годинава, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со проф. д-р Виолета Петроска-Бешка кодиректор, Рената Дедова и Сафет Балази, претставници на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти од Скопје.

На средбата, претставниците на центарот го презентираа проектот за зајакнување на свеста за правата на бегалците и човековите права, кој во периодот септември-декември годинава ќе се реализира во Општина Велес. Проектот цели кон вклучување на младата популација во промоцијата и заштитата на човековите права и особено правата на бегалците. Како што беше речено на средбата, развојот на јавната свест во Велес е од исклучително значење поради големиот број бегалци кои поминуваат на подрачјето на општината.

Покрај претставници на општината, во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени и 10 млади од Велес. Центарот за човекови права и разрешување на конфликти го реализира проектот во соработка со УНХЦР.