Ревитализација на топловодните системи во институциите
Општина Велес согласно Планот за квалитет на амбиентниот воздух интензивно работи на рехабилитација и подготовка на топловодните системи во институциите во нејзина надлежност за предстојната грејна сезона. Во детската градинка „Димче Мирчев“ – клон на ул. „Трајко Панов“ и во музичкото училиште „Стефан Гајдов“ вградени се котли на пелети со можност за користење и на природен гас кога Велес ќе се гасифицира.
Инвестицијата е со вредност од 440.000 ден. Во ООУ „Васил Главинов“ со стартот на учебната година се изврши санирање на топловодниот систем во училишната зграда кој долго време предизвикуваше проблеми со греењето. Во функција е ставен и лифтот во училиштето поради неопходната потреба за непречен пристап на учениците со посебни потреби. Средствата за овие зафати се обезбедени од буџетот на Општина Велес во износ од околу 500.000 денари. Во тек е јавна набавка за нови котли за општинската зграда во која дотраените котли на јаглен предизвикуваат големо загадување и не се соодветни на потребите. Новите котли ќе користат пелети како енергенс со можност за користење на гас во иднина.