Наставници од три европски држави во посета на Општина Велес

Во рамките на проектот ВЕРД –„Нови патишта на образовни истражувања и развој“ наставници од три средни училишта од Португалија, Италија и Романија денес 12 септември ја посетија Општина Велес. Проектот е во рамките на ЕУ програмата Еразмус плус која е наменета за развивање на стратешки партнерства меѓу училиштата.

Интердисциплинарното поврзување на повеќе предмети како физика, хемија, математика и технологијата преточено во т.н. СТЕМ методологија е тематиката на која овие училишта работат заедно со наставници од Гимназијата “Кочо Рацин“ од Велес.

„Особено ми е мило што Гимназијата активно учествува во меѓународни проекти, особено во програмата Еразмус плус која дава можност да разменувате мислења и искуства со други земји. Италија, Португалија и Романија се пријателски земји кои не поддржуваат во нашите желби да се интегрираме како држава во Европската Унија и Нато Алијансата“  - истакна Градоначалникот Коцевски во своето обраќање до наставниците.