„Кеги Моби“ - победник на турнирот во мал фудбал „Тунел 2018“

Со финалниот натпревар помеѓу екипите на „Кеги Моби“ и „Фото Студио МС“ денес заврши традиционалниот турнир во мал фудбал Тунел 2018. Во изминатите 18 денови откако започна турнирот, велешани имаа можност да проследат доста квалитетен фудбал на голем број на спортски натпревари.

На турнирот оваа година се пријавија вкупно 18 екипи од Велес и регионот. На најуспешните, Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски им ги додели наградите.

Пласман:
- Прва награда, 70.000 денари - Кеги Моби
- Втора Награда, 40.000 денари - Фото Студио МС 
- Трета награда, 20.000 денари - Метал Рафт
- Награда за најдобар играч: Кирил Ивановски
- Награда за најдобар стрелец: Дарко Ранготов
- Награда за најдобар голман: Сашко Паунов

Турнирот е поддржан од страна на Општина Велес во рамките на заложбите за поголемо вклучување на граѓаните од сите возрасти и средини во спортско-рекреaтивните активности.