Позитивни финансиски резултати во вториот квартал од годината
Во вториот квартал во 2018 година, Општина Велес бележи позитивни финансиски резултати. На прес конференција на 12 септември годинава, градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство што резултатите се многу попозитивни во споредба со вториот квартал минатата година. Тој на јавноста и ги презентираше податоците:
„Заклучокот е едноставен. Дека се работело чесно, одговорно и домаќински со што сме постигнале добро менаџирање со финансиските средства и сме оствариле заштеди во буџетот“, рече Коцевски.