Измена на сообраќаен режим во интерес на рекреативците
Од денеска стартува измената на сообраќајниот режим на пристапната улица во градскиот парк. Како што соопшти градоначалникот Коцевски на прес конференција, на барање на граѓаните и рекреативците кои го посетуваат паркот, општината веднаш реагираше согласно законските прописи. „Поставена е вертикална сообраќајна сигнализација, со која се утврдува забрана на движење на моторни возила на оваа улица. Од 12 септември годинава, забраната за возила важи со временско ограничување и тоа:
- за летен период: од 06.00ч. до 09.00ч и од 18.00ч. до 21.00ч.
- за зимски период: од 06.00ч. до 09.00ч. и од 17.00ч. до 20.00ч.
- Оваа забрана не се однесува на возилата за итна медицинска помош, возилата на противпожарната единица и возилата на МВР“, рече градоначалникот.
Решението овозможува непрепречено движење на пешаците и рекреативците кои масовно ја користат оваа улица особено во утврдените часови во текот на денот и истовремено обезбедува заштита на животната средина. Коцевски најави дека општината продолжува да работи и ќе се потруди на овој начин, навремено да изнајде решенија за проблемите на кои укажуваат граѓаните.