Стартува 5. Пливачки маратон на езерото „Младост“

Во сабота, 15 септември 2018, Велес ќе биде домаќин на 5-то издание на традиционалниот пливачки маратон на езерото „Младост“. Деталите за овој значаен спортски настан за јавноста ги соопшти Иле Попов од Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ кој изрази задоволство што се одржува традицијата на маратонот.

„Организатор на овој значаен настан е ЗГ „Клуб 28“, и кајак клубот „Бабуна“, а ќе се оддржи со поддршка на Општина Велес и Пливачката федерација на Македонија. Досега се пријавени 30 пливачи и 20 рекреативци, но се очекува вкупниот број на пријавени да достигне до 70.

Маратонот е од национален карактер. На пливачкиот маратон ќе учествуваат 20 спасители од Општинската организација на Црвениот крст и 30 кајакари од велешките кајак-клубови. Настанот започнува во 10 часот.