Заврши петтиот велешки пливачки маратон
Во организација на здружението "Клуб 28" и кајакарскиот клуб "Бабуна" во соработка со Пливачката Федерација на РМ, под покровителство на Општина Велес денес во водите на езерото "Младост" се одржа Петтиот велешки пливачки маратон.
20 рекреативни и 23 професионални пливачи имаа можност да ги покажат своите пливачки способности во двете категории од 2500 м и 5000 метри пред многубројните љубители на пливањето. Настанот беше потпомогнат од компанијата "Вулканизер и Отпад Дине" и други компании, како и од општинската организација на Црвениот Крст на Велес. Во професионалниот натпреварувачки дел, овој маратон е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање, втор по Охридскиот маратон.
„Општина Велес и понатаму ќе го поддржува овој маратон и се надевам дека догодина ќе придонесеме да добие меѓународен карактер“-истакна Градоначалникот Коцевски на отварањето на маратонот.
Следните натпреварувачи ги понесоа медалите:
- Аматерски дел 2.5 км (мажи)
Прво место - Христијан Јанков
Второ место - Марио Џинов
Трето место - Бојан Илковски
- Аматерски дел 2.5 км (жени)
Прво место - Вероника Зашевска
Второ место - Ирена Панова Петровска
Трето место - Марија Ѓорѓиевска
- Професионален дел 2.5 км (мажи)
Прво место - Андреј Стојановски
Второ место - Сергеј Пејковски
Трето место - Кристијан Стојановски
- Професионален дел 2.5 км (жени)
Прво место - Калина Стојчевска
Второ место - Ивана Неделковска
Трето место - Калина Стојановска
- Професионален дел 5 км
Прво место - Александар Илиевски
Второ место - Јасин Рамадани
Трето место - Етон Зекири