Предизвиците во образованието тема на средбата Коцевски-Атанасов

 

На 17 септември годинава, Градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Петар Атанасов Заменик-министер за образование и наука во Владата на Република Македонија. Предизвиците во основното и средното образование, неопходноста од рационализација и спојување на училиштата во услови кога има паралелки со број на деца далеку под утврдениот законски минимум, неопходните мерки за зајакнување на ефикасноста и ефективноста во образованието на локално ниво, беа само дел од темите на средбата.

Заменик- министерот Атанасов нагласи дека Министерството за образование и наука ќе ги поддржи сите заложби за одржлива работа и развој на училиштата. Од своја страна, Коцевски потенцираше дека со оглед на успешното спојување на училиштата во 2006 година, позитивните резултати и заштедите во буџетот на општината, рационализацијата како модел на успешно управување со образовните установи од страна на општините треба да продолжи во насока на обезбедување на многу поефикасно образование.