Велес- домаќин на Отвореното првенство во тенис „Велес Опен“

Со првите натпревари започна и Отвореното првенство на Македонија во тенис за сениори и сениорки кое традиционално по седми пат се одржува во Велес.

Првенството го организира тенискиот клуб Борец од Велес во соработка со Македонската тениска федерација.

Овој натпревар е еден од најзначајните тениски натревари во државата. Оваа година учествуваат 17 тенисери, меѓу кои голем број од најуспешните во државата.

Финалниот меч ќе се одигра во недела, на 23 септември,  со почеток во 11 часот на тениското игралиште во Градскиот парк.  

Настанот е поддржан од Општина Велес.