Велешките ученици научија повеќе за безбедноста во сообраќајот
Зголемување на совеста кај пешаците и возачите, основните грешки кои ги прават учесниците во сообраќајот беа дел од темите на предавањето за младите кое денес се одржа во салата Бели Мугри. Учениците од сите општински основни и средни училишта имаа можност да ги слушнат и мерките за она што може да се превземе и во однос на непрописното паркирање, уредување на зеленилото, поставување на правилна сигнализација и др.
Проф.д-р Иле Цветановски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на патиштата во Општина Велес им укажа на најмладите за најчестите причини кои доведуваат до несреќни случаи.
Овој настан е поддржан од Општина Велес и е во рамките на Европската Недела на мобилност 16-22 септември. Во текот на утрешниот ден, сабота 22 септември, велешани ќе можат активно да се вклучат и во рекреативното возење со велосипеди, ролери, скејтборди и друг начин на алтернитевен превоз. Овој настан е дел од „Ден без автомобили“ и ќе започне во 10:30 на С’рмаале.