Мицов- најдобар на тенискиот турнир „Велес Опен 2018“
Во конкуренција на 17 тенисери од најдобрите клубови во Македонија Стефан Мицов денес, 23 септември, на финалниот меч извојува победа над Горазд Србљак со 2:0 во сетови. Душко Петров, претседател на Советот на Општина Велес ја додели првата награда на еден од најдобрите рекети во Македонија.
„Велес Опен“ традиционално се одржува секоја година и е еден од двата најзначајни официјални тениски турнири кои ги организира тенискиот клуб „Борец“ во соработка со Македонската тениска федерација. Настанот е со поддршка од Општина Велес.