Градоначалникот ги презентираше тековните инфраструктурни проекти
На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски презентираше 14 тековни инфраструктурни проекти:
Заврши изградбата на потпорен ѕид и уредување на паркинг простор на улицата „Шевки Сали“ на спојот со ул.„Крушевска“ .Инвестицијата е во висина од 300.000 денари
Се врши санирање на оштетувања на улица „Киро Рогужаров“.
Се изврши уредување на паркинг простор за 14 возила на улицата „Енгелсова“ и партерот пред зграда на улица "Христо Узунов".
Во текот на вчерашниот ден заврши асфалтирањето на улицата „Бајрам Хасановиќ“ во Оризари и санирање на оштетен асфалт во центарот на селото. Вредноста на инвестицијата е 2 милиони денари.
Во тек се земјените работи за реконструкција со проширување на улицата „Самоборска“ која води кон градската болница. Со проектот вреден 2.800.000 денари на задоволство на голем број граѓани ќе се подобри комуникацијата со болницата.
Заврши изградбата на надвозникот кај Башино село. Вредноста на инвестицијата е 5.300.000 денари.
Во тек е реконструкцијата на трибините на Градскиот фудбалски стадион по што ќе бидат монтирани 1500 седишта обебедени од Општинкиот фудбалски сојуз и Фудбалската федерација на Македонија.
Неделава се врши санирање и на топловодните системи во Општинските основни училишта „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, подрачното училиште во Башино село и Територијалната противпожарна единица.
Во тек се работите за реконструкција на кровот на машинската работилница во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“. Вредноста на инвестицијата е околу 3.200.000 денари.
Во Бузалково се реализираа неколку проекти за подобрување на инфраструктурата околу училиштето, пристапот до него како и урбаната опрема.
Неделава се изврши и чистење на дивите депонии кај Топилница и во Горно Оризари
Се постави водоводната линија на улицата „Трајко Митев“