Средба на градоначалникот Коцевски со претставници на Светска банка

Фискалната децентрализација, механизмите за капитални инвестиции во општините и управувањето со ризиците од елементарни непогоди беа клучни теми на средбата на Градоначалникот Аце Коцевски со делегација на Светска банка.

На средбата што се одржа на 2 октомври годинава во кабинетот на градоначалникот, присуствуваа Валери Сантос-раководител на проектен тим и урбан специјалист, Сајмон Елис- раководител на програма, Беким Имери- специјалист за социјален развој, косултантите Вилијам Дилинџер и Маријан Николов, Луан Алиу- програмски асистент и Татјана Шадрунова - оперативен службеник. Членовите на делегацијата побараа од Коцевски како водечки експерт за фискална децентрализација во Македонија да ги образложи неговите размислувања за состојбите во локалната самоуправа, приоритетните проблеми и насоките за одржлив развој на општините. На средбата беа разгледани и можностите за унапредување на фискалната децентрализација и зголемување на обемот на надежности на општините во Македонија.