Честитка по повод Меѓународниот ден на учителите и Неделата на детето

Драги учители, наставници, просветни работници,
Со благодарност за Вашата посветеност и благородна работа, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот и ви посакувам многу успеси во работата.

Во духот на глобалното одбележување на улогата на учителите како носители на позитивните вредности во општеството, би сакал да Ви упатам јавна благодарност за сé што правите за сегашните и идните генерации на Велес. Општина Велес ќе остане посветена на континуирано подобрување на условите за настава и обезбедување на ефикасно и ефективно образование.  Воедно, ја користам приликата на вашите ученици да им ја честитам Неделата на детето и да им посакам среќно детство и успех во школувањето.

Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски