Нова улица во Иванковци

Деновиве активно се работи на реализација на проектот за бетонирање на улицата „Партизанска“ во Иванковци. Компанијата „Тргоцемент“ ангажирана од Општина Велес  врши ископ на земјен материјал, тампонирање, валирање и бетонирање на улицата во должина од 420м, со просечна широчина од 4м. Од буџетот на Општина Велес се издвоени средства во износ од 1.600.000,00 денари.

Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште и заедно со жителите на Иванковци е утврден како приоритет за 2018 година.