Продлабочена соработката со Ужице
Во рамките на официјалната посета на Град Ужице, Република Србија, градоначалникот Аце Коцевски кој ја предводеше делегацијата на Општина Велес оствари средба со Тихомир Петковиќ, градоначалник на Град Ужице посветена на отворените можности за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес.
Како што беше нагласено на средбата, покрај културната соработка, во наредниот период ќе се вложат напори за заеднички апликации на проекти финансирани од ЕУ и меѓународните фондови, трансфер на знаења, особено во областа на управувањето со отпад како и воспоставување на соработка помеѓу стопанствениците, спортистите и здруженијата на граѓани на Велес и Ужице.
Делегацијата на Општина Велес во Ужице имаше можност да го посети и Градскиот културен центар основан во 2010 година кој работи на развој и промоција на културата, образованието и спортот. Искуството на Ужице на овој план е од особено значење за Велес, со оглед на подготовката на проектот за отворање на Младински креативен центар кој во иднина треба да биде стожер на развојот на културата, спортот и едукацијата на младите генерации.