Честитка по повод 11 октомври
Драги сограѓани,
Со благодарност за Вашиот несебичен придонес во развојот на Велес, издигнат од храброста и саможртвата на многу генерации револуционери и претставници на македонската авангарда, во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.
Во годините што следат Ви посакувам остварување на сите визии и желби за напредок и успех во слобода, разбирање и меѓусебна почит.
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски