Велес - домаќин на ендуро мотоциклистичка трка

Во недела 21 октомври,2018, со почеток во 10 часот ќе се одржи четвртата по ред трка во ендуро од Државниот шампионат на Македонија. На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски соопшти дека трката е во организација на Мото клубот „Мото“ од Велес со финансиска поддршка на Општина Велес.

Настанот ќе се одржи во реонот на езеро Младост. Трката ќе стартува од стариот пат за Скопје. Најавено е учеството на над 50 натпреварувачи од Македонија, Косово, Србија, Грција и Бугарија. „По пауза од 4 години оваа атрактивна трка повторно се враќа во Велес. Општина Велес обезбеди финансиска поддршка во висина од 40.000 денари како и техничка поддршка, човечки ресурси и подготовка на теренот за организација на настанот.