Во тек десетина инфраструктурни проекти

На прес конференцијата одржана на 18 октомври годинава, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста за десетина инфраструктурни проекти кои се во тек:

  • Во моментов се изведуваат градежни работи на градскиот стадион, се бетонираат трибините и се прибира и изнесува природната вода зад трибините.
  • Во Средното училиште „Коле Неделковски“ во тек се работите реконструкција на кровот на машинската работилница.
  • Денеска започна изведбата на кровниот покривач во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“.
  • Земјените работи на улицата „Самоборска“ се завршени. Во тек е изведба на потпорниот ѕид. Се предвидува проектот да се заврши во ноември.
  • По реакција од страна на граѓаните, се врши реконструкција на дел од улицата „Питу Гули“ и асфалтирање на најоштетениот дел на локалниот пат кон Дурутовец. Во наредниот период ќе се бетонираат и улици во селата Црквино и Клуковец.
  • При крај е проектот за бетонирање на улица во село Иванковци. Останува да се завршат уште 150 метри од вкупно 420 метри на улицата.
  • „Коп инжинернинг“ врши чистење на диви депонии над езерото „Младост“ како и во близина на градскиот пазар.
  • До крајот на месецот треба да заврши проектот за подобрување на водоснабдувањето во село Горно Оризари.
  • Во тек се и активности за обнова на урбаната опрема во централното градско подрачје.

Како што рече Коцевски, во Индустриската зона Мамутчево до крајот на годината треба да заврши проектот за изведба на резервоар со зафатнина од 500 м³.