Времен режим за пренасочување на сообраќајот за време на „Фестивал на велешка пита и вино 2018“

Поради одржување на манифестацијата „Фестивал на велешка пита и вино 2018 “ на улицата „8ми Септември“ во Велес во периодот од 07:30 часот на ден 18.10.2018 година па се до 12:00 часот на ден 22.10.2018 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа: 

Улицата „8ми Септември“ на потегот од крстосница формирана од улиците „8ми Септември“, „Архиепископ Михаил“ и „Страшо Пинџур“ (јавор кај С’рмаале) до кружната крстосница во центарот на градот е затворена за сообраќај. Сообраќајот по улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ (од кружната раскрсница во центарот на градот до јаворот кај С’рмаале) ќе се одвива во две насоки, поради тоа предупредуваме на внимателно возење.

Времениот режим на сообраќај ќе се одвива според поставената вертикална сигнализација, како и според знаците кои ги даваат униформираните полициски службеници. Поради тоа се молат сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и прописите заради нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.