Средба со потенцијални инвеститори

Со посредство на г-дин Бобан Јовановиќ, претставник на Меѓународната агенцијата ICDSCA, со седиште во Женева, денеска  градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со потенцијални инвеститори од Република Италија.

На средбата, Коцевски ги презентираше приоритетните инвестициски проекти од „Визијата за Велес“ кои се однесуваат на гасификацијата на Велес и ревитализација на објектите во сопственост на општината меѓу кои: зградата на поранешните општествено-политички организации, „Вила зора“, Офицерскиот дом и градскиот базен. Инвеститорите имаа можност денеска и на терен да ги видат објектите кои се предмет на потенцијални инвестиции. Покрај за објектите, тие покажаа интерес и за расположиви локации за хотелски комплекс крај езерото „Младост“. 

Градоначалникот упати благодарност за покажаниот интерес и напомена дека за велешани е од особено значење реализацијата на овие капитални проекти и дека граѓаните активно учествуваа во креирањето на новата визија за одржлив развој на Велес која ги вклучува објектите во сопственост на општината.