Познати добитниците на 9-то ноемвриските награди и признанија

На 22. Седница, Советот на Општина Велес ги усвои предлог-одлуките за доделување на 9-то ноемвриските награди и признанија и наградата за животно дело „Гемиџии“.

За 2018 година добитник на оваа престижна награда е др. Венцислав Грабулов, универзитетски професор и научник во областа на металургијата и металните материјали.

Добитници на спомен плакета „9-ти Ноември“ се   „ ХАБИТАТ“  „Жито ДООЕЛ“, ликовниот уметник Војко Јаневски, д-р Љиља Поцкова, Службата за ПЗЗ на предучилишни и училишни деца, ООУ „Благој Кирков“, Кирил Вангелов, Игор Крајчев и Организација на жените на Општина Велес.

Добитници на Благодарница „9-ти Ноември“ се ЗГ „Мобилност“ и  ЗГ „Велес Бајкинг“. Пофалница „9-ти Ноември“ ќе им биде доделена на учениците Љубица Филипова,Теодор Анѓелески,  Бојан Димовски,  група млади организатори на настан  „Мовембер“,СПД  „Зелен рај“, Дејан Митров и Коста Тахов.

Добитник на наградата за најстудент „Ѓорги Шоптрајанов“ ќе и биде доделана на студентката на медицина при УКИМ  Тамара Савевска.

9-то ноемвриските награди и признанија ќе бидат доделени на свечената академија, што ќе се одржи во петок, 9 ноември 2018 година,  по повод Денот на Општина Велес. На седницата , Советот на Општина Велес ги усвои и нацрт – програмите за активностите на Општина Велес во сите области на надлежност за 2019 година.